Апликација за Надворешен Соработник на БП
Доколку поседувате лиценца за вештачење, може да аплицирате во Бирото за процена за да Ве ангажираме како наш надворешен соработник. За таа цел до Бирото треба да ја доставите следната документација:
- Копија од лиценца за процена
- Копија од Диплома за завршено образование
- Кратка биографија
- Пополнета апликација
Погоренаведената документација може да ја доставите на три начини:
- Лично во архивата на Биро за процена
- По пошта: ул. Гоце Делчев б.б. – Зграда на МРТ – Спрат 19, 1000 Скопје
- Скенирана на e-mail: contact@bp.gov.mk
По добивањето на комплетната документација во БП, ќе бидете повикани да склучите Договор за услуга со Бирото, а потоа Вашите податоци ќе бидат евидентирани во Базата на податоци – надворешни соработници и ќе бидете ангажирани во зависност од потребите на Бирото.