TEL: +389 70 226655   TEL: +389 2 3222880   FAX: +389 2 3113663   eMail: contact@bp.gov.mk

Вештачење

Вештачење

Вештачења и супер вештачења од областа на:

1. ФИНАНСИСКО – МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ – вештачења од областа на даночниот систем, сметководственото работење, девизното и царинското работење, надворешно-трговското работење, изготвување на експертизи и супер вештачења за потребите на судовите и за други баратели.

2. ГРАДЕЖНИШТВО И АРХИТЕКТУРА – изготвување наоди и мислења по извршени вештачења и супер вештачења, вршење на процена на имот на стопански субјекти при нивна регистрација, трансформирање или во тек на стечајни постапки, вршење надзор при изградба на инвестициони и други објекти;

3. СООБРАЌАЈ И МАШИНСТВО – изготвување на вештачења и супер вештачења од областа на сообраќајот, машинството, електротехниката, изготвување на елаборати и експертизи за потребите на судовите и други баратели, вршење на процена на возила, вршење на реконструкции на лице место по сообраќајни незгоди;
Останати области во кои Бирото врши вештачења и супервештачења се следните:

  • електротехниката
  • заштита на авторските права, другите сродни права и правата од интелектуална сопственост
  • земјоделието
  • шумарството
  • геологијата
  • геодезијата
  • медицината
  • графологијата
  • ветеринарство, храна
  • психологија, психијатрија
  • информатика
  • заштита при работа