Квалитетното решавање на судските спорови во целост зависи од извршеното вештачење. За таа цел потребно е постојано надградување и усовршување на знаењето со кое располагаат вештите лица. Стручните советувања во организација на Биро за процена, овозможуваат размена на знаење и искуство од различни области и на истите се повикуваат многубројни експерти кои се инволвирани во областа на вештачењето.