TEL: +389 70 226655   TEL: +389 2 3222880   FAX: +389 2 3113663   eMail: contact@bp.gov.mk

Закони

Закони

Заштита на укажувачите

Заштитеното пријавување во смисла на Законот за заштита на укажувачите се дефинира како пријавување со кое, во согласност со овој закон, се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, дека се извршува или дека е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконито или недозволиво постапување, со кое се повредува или се загрозува јавниот интерес.

Јавниот интерес се дефинира како заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот на Република Северна Македонија, спречување на ризиците за здравјето, одбраната и безбедноста, заштита на животната средина и на природата, заштита на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеење на правото и спречување на криминалот и корупцијата.

Категории на лица кои можат да се јават во својство на укажувачи се: лицe коe има засновано работен однос на неопределено или определено време во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; лице кое е или било волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; лице кое врз која било основа е ангажирано или било ангажирано за извршување работа од институцијата, односно правното лице за каде пријавува; лице кое врз која било основа е во деловен однос или било во деловен однос или во друг однос на соработка со институцијата, односно правното лице за каде пријавува; лице кое користи или користело услуги во институцијата, односно правното лице во јавниот и приватниот сектор за каде пријавува.

Во согласност со овој закон, обврска на институциите и на правните лица со најмалку 10 вработени лица е да го усогласат своето работење во однос на заштитеното пријавување и обезбедување на заштита на пријавувачите.

Одредбите од Законот предвидуваат прекршочни санкции глоби во износ од 2000 до 6000 евра во денарска противвредност, како за правното така и за одговорното лице во правното лице, за постапување спротивно на обврските на Законот, кои, меѓу другото, се однесуваат на донесување на внатрешни акти за заштитено пријавување, назначување на овластено лице за прием на пријави од укажувачи и постапување по пријавите во согласност со воспоставените процедури.

 

Какви насоки и какви обврски се предвидуваат?

Во Законот за заштита на укажувачите се пропишува дека укажувачот го врши заштитеното внатрешно пријавување усно на записник или во писмена форма до лицето овластено од раководното лице во институцијата, односно правното лице за каде пријавува.

Во институцијата, односно правното лице, каде што нема овластено лице за прием на пријави од укажувачи, заштитеното внатрешно пријавување се врши до раководното лице на институцијата, односно правното лице.

Правните лица во приватниот сектор со најмалку десет вработени лица со внатрешен акт го уредуваат заштитеното внатрешно пријавување во согласност со Законот за заштита на укажувачи.

 


Лице одговорно за внатрешно и надворешно пријавување на укажувачи

Владимир Димитриевски

  • контакт: 070/69 69 86
  • е-пошта: vladimir@bp.gov.mk

Закон за заштита на укажувачите


Упатство


Правилници


Годишни планови