TEL: +389 70 226655   TEL: +389 2 3222880   FAX: +389 2 3113663   eMail: contact@bp.gov.mk

Есенско Генерално Собрание на TEGOVA во Марсеј

Есенско Генерално Собрание на TEGOVA во Марсеј
Есенско Генерално Собрание на TEGOVA во Марсеј

ЕСЕНСКО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА TEGоVA –МАРСЕЈ

27-28 октомври, 2017 година

Генералното собрание на TEGoVA го одобрува новиот европски стандард ( EVS 6) за моделите за автоматизирано вреднување.

На есенскиот состанок на TEGoVA во Марсеј на 27-28 октомври присуствуваа 95 делегати кои претставува 52 здруженија на оценувачи од 29 земји.

На состанокот беше домаќин ,,Chambre des Experts Immobiliers de France (CEIF-FNAIM),,. Генералното собрание започна на 27 октомври со одржување на конференција за проценка насловена како “Дали оценувач на вредноста на недвижностите е пазарниот компас”. Конференцијата која се фокусираше на прашања кои се приоритет за оценувачите беше отворена од Philippe Conté REV, President CEIF FNAIM, Denis Pelouse REV, President TEGoVA France and Krzysztof Grzesik FRICS REV, Chairrman of TEGoVA.

На 28 октомври се одржа генералното собрание на TEGоVA.

Главен настан на Генералното собрание кое се оддржа во хотел Интерконтинентал во Марсеј беше одобрување на нов Европски стандард ( EVS 6) во врска со употребата на модели за автоматска проценка (AVMs). Клучната порака на EVS 6 на Генералното собрание е дека:

“AVM не може да се користи за да се изработи извештај за процена кој е во согласност со EVS. Таму каде што се користи, AVM не е повеќе отколку алатка која придонесува за проценката на вредноста на проценителот, за која тој останува одговорен “.

EVS 6 нагласува дека AVM не е вреднување. Тоа може да послужи како почетна точка за некои купувачи и продавачи во разгледувањето на вредноста на имотот. Тој може да го користи квалификуваниот проценител како еден влез во неговата сеопфатна анализа на пазарот под услов да е задоволен од неговото знаење за влезните податоци и модел на AVM.

За дополнување на EVS 6, Генералното собрание, исто така, одобри нова евалуација EVGN 11 насловена како “Користење на статистичките алатки на доверителот”

Во согласност со темата на AVM на Собранието, имаше презентации на оваа тема од страна на Michael MacBrien (Adviser to TEGoVA), Scott Robinson MAI SRA AI-GRS, Immediate Past President of the Appraisal Institute (AI) and Randy J Ripperger CAE, President of The International Association of Assessing Officers (IAAO).

На Генералното собрание одредени здруженија беа надградени од член на “Обсервер” до полноправна членка и вонреден член на ТЕГОВА:

  • IEV – ISTITUTO di ESTIMO e VALUTAZIONE (E-VALUATIONS) – Institute of Estimation and Valuation-Институт за проценка и вреднување
  • KAA – SHOQATES SE VLERESUESVE TE KOSOVES (SHVK) – Kosovo Appraisers Association (KAA)-Асоцијација на оценувачи на Косово

На самиот крај на Генералното собрание беа примени здруженија како нови членки на TEGOVA со што и заврши состанокот на Генералното Собрание.

Нови членки на TEGoVA се:

  • IAAO – INTERNATIONAL ASSOCIATION of ASSESSING OFFICERS
  • IVSP – INSTITUTI PËR VLERËSIME DHE STUDIME PRONËSORE (IVSP) – Institute for Appraisals and Property Studies-Институт за проценки и имотни студии (IAPS)
  • UOPBiH -UDRUZENJE OVLASCENIH PROCJENJIVACA u BOSNI i HERCEGOVINI– Association of Certified Appraisers in Bosnia and Herzegovina- Здружение на сертифицирани оценувачи во Босна и Херцеговина (ACABH)
  • UNIS – UNION DES SYNDICATS DE L’IMMOBILIER – National Union of Property Professions-Национална унија за имотни професии
Comments are disabled