СТРУЧНО СОВЕТУВАЊЕ
На 02 и 03.2019 година во организација на Бирото за судски вештачења Скопје се одржа петто стручно советување веќе традиционално насловено “Сообраќајно – технички вештачења како основ за квалитетно решавање на судски спорови“. Оваа година како коорганизатори се јавија Audatex и Друштвото за осигурување “Сава Осигурување“ АД.
Стручното советување се одржа во Хотел “Дрим“ Струга во рекордно присуство на околу 170 вешти лица од сообраќајна, машинска област и медицинска област, претставници на осигурителни компании, судови, јавни обвинителства и адвокати од земјите во регионот како Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Бугарија и Црна Гора. Стручното советување беше од меѓународен карактер со оглед дека на истото покрај стручни трудови од Република Северна Македонија беа презентирани и стручни трудови од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Целта на стручното советување е континуирана едукација на вештите лица кој ќе резултира со квалитетно изготвување на сообраќајно-техничкото, машинско и медицинско вештачење кои пак честопати заедно претставуваат основа за квалитетни судски пресуди во граѓанска постапка, за квалитетно водени истраги и судски пресуди во кривична постапка или за квалитетно и коректно решавање на спорови во вонсудска постапка.
Во двата работни дена од стручното советување беа презентирани 22 стручни труда кои според насловот и содржината беа поделени во четири групи, општо кажано поврзани со:
– создавање на опасна сообраќајна ситуација, причини за случување на незгода, брзини на движење и слично,
– значењето на увидот и увидната документација,
– техничките карактеристики на возилата и уредите кај возилата, повреди на учесниците во незгодата и
– измами во осигурувањето.
По завршување на советувањето присутните се стекнаа со “Сертификат за учество на стручно советување“.
Comments are disabled