TEL: +389 70 226655   TEL: +389 2 3222880   FAX: +389 2 3113663   eMail: contact@bp.gov.mk

Обука за напредни комуникациски вештини

Обука за напредни комуникациски вештини
Обука за напредни комуникациски вештини

 

Темата на Обуката беше:

 

СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ.

За да го подигнете нивото на Вашата компанија, добро е да преземете улога на „главен комуникатор“, со што ќе бидете сигурни дека вработените ги разбираат Вашите визија, цели и инструкции. Менаџерите како и  вработените  или соработниците, сите сакаат да знаат што барате од нив, што очекувате, што носи иднината и што имате Вие во главата. Но сето ова може да претствува дополнителен напор за Вас, што може да Ви донесе стрес или напнатост и да Ве исфрли од нормален колосек на рамнотежа. За да се справите со тешките ситуации и предизвиците што ги носи работното место, значи дека треба да научите како да се заштитите себе си од професионално согорување или од болеста на денешнината т.н. „BURN OUT“ синдром. Токму тоа е целта на овој семинар – усвојување и практикување на напредни комуникациски вештини користејќи ја теоријата на Трансакциска Анализа (Т.А.) и концептите која таа ги работи во работен контекст.

Стресот е исто така фактор кој не` исфрла од една Его состојба во друга  или не` исклучува од нормално функционирање. Стресот за нас луѓето претставува дополнителен напор својот систем да го вратиме во внатрешна рамнотежа, а токму на семинарот ќе се зборува за менталната хигиена и начините за справување со стресот, со цел успешно да комуницираме со вработените по хоризонтална и по вертикална линија.

Комуницирањето со вработените можеби нема да биде едноставно, но сепак напорот вреди бидејки:

  • Сите луѓе се OK!
  • Секој има способност да мисли!
  • Луѓето одлучуваат за својата судбина и тие одлуки се менуваат!

На крајот на советувањето Вие ќе бидете способни да ги препознаете, употребите и да ги унапредите сопствените и туѓите комуникациски стилови во услови на стрес во согласност со правецот – трансакциска анализа.

Способности кои ќе ги добиете како учесник се: стекнување нови знаења од областа на комуникацијата и комуникациските вештини и управување со стресот, кои ќе Ви помогнат успешно да ги развиете своите лични и професионални капацитети.

Програма за работа:

  • Вовед во напредни комуникациски вештини;
  • Игри на моќ во работен контекс;
  • Интеркативна вежба;
  • Комуникациски вештини за надминување на стрес на работно место;
  • Ментална хигиена како превенција од „согорување“ на работното место.

*Запознавањето на учесниците, нивното претставување и очекување ќе биде изведено со неколку интерактивни вежби додека трае патувањето.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

  • За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите;
  • за раководители и останати вработени од сите нивоа во секторите за човечки ресурси, правниот сектор, финансии, производство, стручни лица за безбедност и здравје при работа и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

 

Comments are disabled