TEL: +389 70 226655   TEL: +389 2 3222880   FAX: +389 2 3113663   eMail: contact@bp.gov.mk

Работна средба и договор со Комора на независни проценители – Р.Бугарија

Работна средба и договор со Комора на независни проценители – Р.Бугарија
Работна средба и договор со Комора на независни проценители – Р.Бугарија

Работна средба и склучување на договор за соработка помеѓу Биро за Судски Вештачења – Скопје и Комора на Независни Проценители на Р.Бугарија

На 7ми Јануари 2018 година во Софија Р.Бугарија се оствари работна средба помеѓу Бирото за судски вештачења-Скопје и Комора на независни проценители на Р.Бугарија.

Целта на средбата беше склучување на договор за партнерство и соработка со слични организации од балканските земји.

Работната средба беше остварена поради потребата од блиска партнерска соработка и создавање на заемно корисни услови за подобрување на квалификациите на проценителите на нашите организации, користење на можности за заедничко учество во програми со различен обем и карактер, заедничко финансирање на различни активности, спроведување на заеднички квалификациски настани и преференцијално учество на нашите членови во нив, размена на професионални искуства и работа на различни практични прашања во кои се вбројуваат стандардите за вреднување и други активности од заеднички професионален интерес.

На крајот од работната средба беше склучен договор за соработка помеѓу Бирото за судски вештачења на Р.Македонија претставувано од директорот Ирфан Одаи и Комората на независни проценители на Р.Бугарија претставувано од Претседателот Светла Дерменџиева

Comments are disabled