Супервештачење од областа на:
1. ФИНАНСИСКО – МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ – вештачења од областа на даночниот систем, сметководственото работење, девизното и царинското работење, надворешно-трговското работење, изготвување на експертизи и супер вештачења за потребите на судовите и за други баратели.
2. ГРАДЕЖНИШТВО И АРХИТЕКТУРА – изготвување наоди и мислења по извршени вештачења и супер вештачења, вршење на процена на имот на стопански субјекти при нивна регистрација, трансформирање или во тек на стечајни постапки, вршење надзор при изградба на инвестициони и други објекти;
3. СООБРАЌАЈ И МАШИНСТВО – изготвување на вештачења и супер вештачења од областа на сообраќајот, машинството, електротехниката, изготвување на елаборати и експертизи за потребите на судовите и други баратели, вршење на процена на возила, вршење на реконструкции на лице место по сообраќајни незгоди;
Останати области во кои Бирото врши вештачења и супервештачења се следните:
- електротехниката
- земјоделието
- шумарството
- геологијата
- геодезијата
- медицината
- графологијата
- ветеринарство, храна
- психологија, психијатрија
- информатика
- заштита при работа