БСВ со сертификат ISO 9001:2008
Бирото за судски вештачења е меѓу првите државни институции која го доби Меѓународниот сертификат за систем за управување со квалитет согласно стандардот ИСО 9001 : 2008 на 22.01.2013.
Воведувањето на ИСО стандардот, кој е во согласност со заложбите на Владата на Република Македонија за стручна, компетентна и ефикасна администрација, го подобри квалитетот на услугите кои Бирото за судски вештачења ги испорачува на судовите, физичките и правните лица во Македонија. Имплементацијата на овој стандард овозможи следење и подобрување на услугите кои ги испорачува Бирото на своите корисници.
Сертификатот е доделен од страна на сертификациската компанија СГС -Швајцарија, основана во 1878 година, која е водечка светска организација за контрола, верификација, испитување и сертификација
– Политика на квалитет
– Шема на процеси
Comments are disabled