TEL: +389 70 226655   TEL: +389 2 3222880   FAX: +389 2 3113663   eMail: contact@bp.gov.mk

Јавен повик за проценители

Јавен повик за проценители
Јавен повик за проценители

Согласно член 43-ѕ од Законот за вештачење (Службен весник на Република Македонија бр.115/10, 12/14, 43/14, 104/15, 148/15 и 192/15), Бирото за судски вештачења објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на заинтересирани проценители

како надворешни соработници на Бирото за судски вештачења

Ги покануваме сите заинтересирани лица кои поседуваат уверение за положен стручен испит за процена од областите:

-трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица,

-недвижен имот,

-подвижен имот,

-побарувања и обврски,

-машини и опрема,

-транспортни средства,

-земјоделство, шумарство и водостопанство,

-информатичка технологија и

-други области утврдени со закон

да се пријават во Бирото за судски вештачења како надворешни соработници.

За таа цел до Бирото за судски вештачења треба да ја достават следната документација:

-пополнета Апликација за надворешен соработник (иста може да ја најдете на веб страната на Биротоза судски вештачења www.bp.gov.mk)

-кратка биографија

-копија од Уверение за положен стручен испит за процена од соодветната област и

-копија од Диплома за завршено образование.

Погоре наведената документација може да ја доставите на следниот начин:

-Лично во архивата на Бирото за судски вештачења

-По пошта на бул.Гоце Делчев бр.18, Скопје објект на МРТВ 19-ти кат или

-Скенирана на e-mail contact@bp.gov.mk

По добивањето на комплетната документација, ќе бидете повикани да склучите договор за услуга со Бирото за судски вештачења, а потоа Вашите податоци ќе бидат евидентирани во листата на надворешни соработници објавена од Бирото за судски вештачења на неговата веб страна, и ќе бидете ангажирани како надворешен соработник во зависност од потребите на Бирото за судски вештачења.

Со почит,

Биро за судски вештачења

Comments are disabled